Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата

Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата. 

На седницата „за“ гласаа 11 пратеници, 60 беа „против“, а пратениците на ВМРО - ДПМНЕ не гласаа. 

Вкупно гласаа 71 пратеник.

Пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја поднесоа интерпелацијата.

Одговорност од Спасовски за бегството на екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК,  Сашо Мијалков, но и за случаите со издавањето македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви побараа пратениците од опозициските партии на Албанците. Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека интерпелацијата е беспредметна, и дека МВР под раководство на Спасовски добро ја извршува фунцијата

Слично

Поврзани вести