Оливер Спасовски: Директорката за верски заедници студирала теологија 26 години
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска како пратеник во Собранието рече дека новата директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи ја добила дипломата од теолошки студии лани по 26 години откако го започнала факултетот.
- Директорката на Комисијата за верски заедници, Оливера Трајковска, родена Нацева, именувана за директор на комисијата,започнала теолошки студии во Скопје во 1997. Дипломира после 26 години кај колега со кои започнале заедно да студираат, рече Спасовски за време на сесијата за пратенички прашања.
Спасовски ова го упати како прашање до присутниот премиер Христијан Мицкоски на кој начин Трајковска ги завршила студиите и ја стекнала дипломата.
Трајковска е назначена како кадровско решение на местото прв човек за координација меѓу верските заедници во август од страна на Владата.
Во нејзината биографија пишува дека дипломирала на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Скопје.
