Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски даруваше крвна плазма

Оливер Спасовски даруваше крвна плазма

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, даруваше конвалесцентна плазма како прележан пациент заболен од Ковид-19.
Тој ги повика и останатите што ја имаат прележано болеста да го сторат тоа.
„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19.

Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот.

Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!“, напиша Спасовски на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести