Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Спасовски: Четири тешки кражби на Нова Година

Оливер Спасовски: Четири тешки кражби на Нова Година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски новогодишната ноќ ја оцени како мирна со 30 проценти пријавени настани во однос на ланската.

-Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени. Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски.

По Скопје, најмногу пријавени настани имало во Охрид, додека Велес бил најмирен и таму немало ниту една пријава.

- Во однос на изминатата вечер, на територија на целата држава Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, за што им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и што придонесоа сите заедно да направиме Новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно така како што сите посакувавме, оцени министерот.


Слично

Поврзани вести