Оливер Ристовски ќе биде претседател на Работната група за помирување
Оливер Ристовски, заменик-министерот за правда, ќе биде претседател на Работната група за помирување.
Ристовски веќе е предложен во Собранието за предводник на ова тело кое ќе има задача да обезбеди консензус за начинот на кој ќе се спроведе политичкоот помирување и простување во Македонија.
Станува збор за адвокат роден во 1964 година. Во 1990 година веднаш по положување на правосудниот испит формирал адвокатската канцеларија.
Станува за интерпарламентарно тело состабвено од три работни групи – за интеграција, за реформи и за помирување, кои според договореното, треба да ги разгледаат своите области и да излезат со конкретни предлози и решенија, со што би се дало динамика на целиот процес.
Премиерот Зоран Заев, по средбата со членовите на ова тело рече дека е покажана политичка волја и подготвеност за ваков чекор, но посочи дека мора да се направи дистинкција од насилство и учество во настаните од 27 април 2017 година во Собранието.
