Оливер Дерковски го чека во ДИК да дојде „гостиварчанецот со пиштолот“
Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија, на својот профил на социјалните мрежи го повика „гостиварчанецот со пиштолот“ да дојде да пријави во комисијата зошто го нема на избирачкиот список пред одржувањето на претседателските избори.
– Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас, има многу гостиварци избришани. Ве молам да се преземе мерка. Ќе им појдам со пиштол – реле еден гостиварчанец пред кандидатот на владината коалиција Стево Пендаровски вчера на трибина во Гостивар.
Пендаровски му рече дека треба сам да види во што е работата, а истото денеска го напиша и Дерковски.
„Добро утро од ДИК (го чекаме овај со пиштолот на кој што му беше речено да дојди) што би рекле комшиите: шта речи, а не заплакати!“, напиша Деркоски.
