Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оливер Андонов: Македонскиот Усаин Болт во 2016

Оливер Андонов: Македонскиот Усаин Болт во 2016

Уверени сме дека Оливер Андонов верува во Дедо Мраз. Па, на кој друг му исполнил желба да биде министер за внатрешни работи на еден ден.

Годинава што изминува тој слободно може да си ја запише како историска за него. Стана министер за внатрешни работи. Без оглед што ќе речат „злите јазици“, тој раководеше со македонските полициски сили макар и неколку часа.

Од нигде никаде, како гром од ведро небо, Владата реши Оливер Андонов да го смести на оваа функција по разрешувањето на претходникот, Митко Чавков. Јавноста беше шокирана дека ВМРО-ДПМНЕ му ја доделува фотелјата на членот на ГДОМ и „експертскиот“ гласник на владејачката партија.

Но, стана јасно дека инстант министерот е ставен на позицијата, само за да може тој да го предложи Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност, пред доаѓањето на функцијата на Оливер Спасовски.

Така, Оливер Андонов влезе во историјата на МВР како министер за еден ден. Сепак и без разлика на времетраењето на неговиот мандат, неговата фотографија направена во кабинетот на министерот за внатрешни работи бешеовековечена на интернет страната на МВР.

И само што му ја закачија сликата, македонскиот Усаин Болт си поднесе оставка од функцијата. Останува мистерија како Андонов си го поминал 1 септември.  

Ј.М.


Слично

Поврзани вести