„ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ПАРТИЈАШТВО И НЕНАСИТНОСТ ШТО 30 ГОДИНИ ЈА ТОЛЧИ МАКЕДОНИЈА“: Мојсоска со снимка за однесувањето на колегите
По бројните објави на пратениците на „Левица“ за финансиските средства кои ги користат пратениците на основ на патни трошоци, реакција имаше од еден од пратениците, во кое тој објасни зошто им се потребни толку средства.
Сепак неговото објаснување само ги поттикна опозциските пратеници подлабоко да бараат нерегуларности во неговото работење.
Како што објави пратеничката Јована Мојсоска, во кое сподели снимка на која како што рпенесува таа се слуша пратеникот Петар Ристески како на вработените во болница им вика дека партијата им дала леб и дека се вработени заради партијата,а не заради што се способни.
- Нека ми извини господинот џентлмен Авторитет од Прилеп, ама овој лик е олицетворение на сето партијаштво и ненаситност што 30 години ја толчит Македонија - напиша Мојсоска во објавата на Фејсбук.
