ОЛЕСНУВАЊА: Македонските туристи ќе може да влегуваат во Бугарија со негативни ПЦР тестови
| Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест. |
| Освен од кај нас, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт. |
| Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата. -На барање на туристичкиот сектор, на територијата на нашата земја ќе бидат дозволени туристи од Молдавија, Србија, Кувајт, Израел и Северна Македонија. Ова ќе биде многу сериозна помош за нашите хотелиери, на кои во моментов им се потребни странци и да го пополнат својот капацитет, рече лидерот на НФСБ, Валери Симеонов на брифингот во Советот на министри. |
| За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот. |
Слично
