Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ - мерката ќе ја користат и газдите-вработени

ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ - мерката ќе ја користат и газдите-вработени

Министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека Владата ја изменила Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза, заради исплатата на плати за април и за мај.

„Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба“, напиша Ангеловска на официјалниот фејсбук профил.

Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место, вели Ангеловска.

Ова се измените: 

Се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми)

Бројот на вработени треба да се задржи два месеци по користење на мерката односно до јули 2020.

Слично

Поврзани вести