ОКОЛУ 5.000 СЕ ЛЕКУВААТ ДОМА: Само неколку лица се пријавиле за гласање во изолација
Само неколку лица досега се пријавиле за гласање во изолација, дознавме од извори во Државната изборна комисија.
Станува збор за бројка помала од 10 гласачи. Се очекува дека идните два дена ќе се пријават повеќе, но тоа сепак нема да биде драматично зголемување.
„Ние нашето го направивме, сега останува на волјата на гласачите“, коментират од ДИК и сметаат дека избирачите поради вирусот се плашат да гласаат.
Според податоците на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои на денешната прес-конференција ги спомна министерот за здравство, Венко Филипче, околу 5 000 луѓе се на домашно лекување од коронавирусот.
Слично
