Околу 20 од загинатите се од Студеничани, потврди градоначалникот
Oд вкупниот број на загинати во сообраќајната несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од Студеничани.
Ова го потврди градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се откријат причините.
„Целo едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани“, рече Садику.
Слично
