Економија, финансии, бизнис

Контакт

Околу 14 милиони евра за администартивната зграда кај „Бристол“

Околу 14 милиони евра за администартивната зграда кај „Бристол“
Близу 14 милиони евра ќе чини изградбата на новата административна зграда спорти хотелот Бристол. Грдежната фирма „Бетон“ е изборот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, за изведувач  на овој проектн кој во период од година  ипол треба да биде завршен.  Во објектот ќе бидат сместени седум владини институции и тоа Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, М-НАВ, АД за станбен и деловен простор и Фондот за осигурување депозити. Според ДУП-от „Голем Ринг Исток“, новата зграда ќе се гради на површина од 1.069 метри квадратни и ќе биде висока 29 метри, односно приземје, осум ката и поткровје. Објектот во согласност со проектот „Скопје 2014“, ќе има неокласицистичка фасада. Владината служба ќе ги заврши административните работи, а во објектот ќе инвестираат државните институции што ќе се вселат. Теренот за градење веќе се подготвува. Пред извесен период за оваа намена комплетно беа исечени дрвјата, на што остро реагираа и жителите и сртучната јавност.
Слично

Поврзани вести