Откако ја подели со Ципрас, Заев ја донираше паричната награда: 12.500 евра, во солидарниот фонд за справување со Ковид-19
Министерот за здравство, венко Филипче се заблагодари на премиерот Зоран Заев кој својот дел од Хесенската мировна награда која ја доби со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја донираше за борбата против корона вирусот во земјава.
-Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција.
Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19. Огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучија преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза. Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно, напиша министерот Филипче во објавата на Фејсбук.
Слично
