Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО ЗА СЛУЧАЈОТ СО ТЕЛЕФОНОТ НА ЈОВАНОВ ВО ЗАТВОРОТ: По добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапиме

ОЈО ЗА СЛУЧАЈОТ СО ТЕЛЕФОНОТ НА ЈОВАНОВ ВО ЗАТВОРОТ:  По добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапиме

Основното јавно обвинителство информира дека ги следи информациите во врска со случувањата во затворот „Скопје“, од каде вчера се појави фотографија на која се гледа дека Васил Јованов имаше телефон во раката. Тој доби 30 дена притвор поради прегазувањето на Фросина Кулакова на Партизанска во Скопје пред неколку дена. 

„Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот ‘Скопје’ и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“, информираат од Обвинителството.

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов доцна синоќа потврди дека фотографиите од Јованов се автентични и додаде дека во ќелиите биле направени претреси, каде се најдени телефонорт на Јованов и други телефони. Тој кажа дека откако ќе се утврди кој му го дал телефонот, ќе биде избркан од работа.

Од семејството на Фросина бараат секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајде одговорниот што го снабдил со мобилен телефон Јованов.

Слично

Поврзани вести