ОЈО ВОДИ ИСТРАГА: По која цена Сокол Митревски продавал општинско земјиште?
По цена од 1 евро/м2 екс градоначалникот на општина Ѓорче Петров продавал општинско земјиште.
Ова станува јасно од информациите на Јавното обвинителство од каде што потврдија дека за Сокол Митревски се води истрага.
Од ОЈО ја информираа јавноста дека се преземаат дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.
Според обвинителството, на приватизацијата и претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.
Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока.
Утринава дел од медиумите повикувајќи се на полициски извори соопштија дека екс градоначалникот на Ѓорче Петров е приведен.
