ОЈО СО СТРАВИЧНИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КАВАДАРЦИ, го избодела со нож, го полила со ракија и дезифиценс и го запалила
По апсењето на 51 годишната кавадарчанка за убиството на 70-годишниот сограѓанин со кој била во љубовна врска, Обинителство изнесе детали за убиството. Имено како што соопштуваат од ОЈ, партнерите прво се скарале, па започнале да се тепаат. Во еден момент починатиот ја влечел осомничената за коса која зграбила нож од масата и го избодела по што тој паднал на под, атаа продолжила со нападот. Иако тој не се борел таа го полила со ракија и го запалила додека се уште бил жив.
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
- Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената го лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во куќата на оштетениот, започнала физичка пресметка меѓу нив во која сега починатиот ја удрил осомничената по лицето, а таа му скршила филџан од главата. Тој ја фатил за косата и ја влечел кон бањата. Осомничената дофатила кујнски нож од масата со кој му задала неколку убоди во пределот на стомакот и градите. Од ударите жртвата паднала на подот, по што осомничената продолжила да му задава убоди додека не престанал да дава отпор. Потоа врз неговото тело истурила ракија и средство за дезинфекција и го потпалила. Оштетениот кој се уште бил жив се обидел со рацете да го изгасне огнот што горел по неговото тело, но од убодите и изгорениците кај него за кратко време настапила смрт - објаснуваат од ОЈО.
Осомничената останала во станот 20-тина минути, по што излегла, ја заклучила влезната врата и заминала. Телото на починатото лице беше пронајдено на 8 септември, по што беше извршен увид на лице место, а осомничената беше лишена од слобода во текот на вчерашниот ден.
- Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои очигледна опасност осомничената да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена - додаваат од ОЈО Кавадарци.
