Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО со обвинителен предлог за девет учесници во насилствата од 27 април

ОЈО со обвинителен предлог за девет учесници во насилствата од 27 април

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против девет лица учесници во насилствата  во Собранието на Република Македонија.

Тие се товарат дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик.

За две од лицата за кои е поднесен Обвинителниот предлог, надлежен обвинител побара и Предлог за продолжување на мерката притвор.

За едно лице кое досега беше во притвор, јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека има простор за ублажување на предложената мерка, па поднесе предлог за определување на мерка куќен притвор.

Денеска завршува осумдневниот притвор за пет лица од првата група приведени за насилствата во Собранието. 

Слично

Поврзани вести