Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ЗА МАЈКА И СИН КОИ ЈА НАТЕПАЛЕ СНААТА, ја спасила нејзината золва

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ЗА МАЈКА И СИН КОИ ЈА НАТЕПАЛЕ СНААТА, ја спасила нејзината золва

Мајка и син, кои ја натепаа снаата, односно сопругата ќе бидат обвинети за кривично дело. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата. За време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале. Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција - пишува во соопштението на ОЈО.​​

Слично

Поврзани вести