Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПО УБИСТВОТО КАЈ ТЦ „МАВРОВКА“ - го убил од користољубие, се заканувал на сопругата на убиениот, а потоа пукал и кон полицајци

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПО УБИСТВОТО КАЈ ТЦ „МАВРОВКА“ - го убил од користољубие, се заканувал на сопругата на убиениот, а потоа пукал и кон полицајци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинтиелство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.

- Обвинетиот, на 20 август, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото - посочуваат од ОЈО. 

Потоа во автомобил со белгиски регистраски ознаки избегал кон Гази Баба, додаваат од обвинителство. 

- Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот - се наведува во соопштението.

Полицајците во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, и успеале обвинетиот да го совладаат, по што тој го фрлил пиштолот и бил уапсен.

- Обвинетиот ќе одговара и за недозволено поседување на оружјето со кое го извршил делото – полуавтоматски  пиштол марка „ГЛОК 17“, без фабрички број, калибар 9мм, кој го поседувал без дозвола.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот - посочуваат од ОЈО. 

Слично

Поврзани вести