Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО: Се истражува дали на протестите против „Безбеден град“ имало поттикнување омраза и насилство

ОЈО: Се истражува дали на протестите против „Безбеден град“ имало поттикнување омраза и насилство

Јавното обвинителство, во тесна соработка со полицијата, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред.

Фокусот на истрагата е ставен на евентуално прекршување на два конкретни членови од Кривичниот законик.

„Јавното обвинителство во координација со МВР презема соодветни мерки и активности. Дадени се насоки за испитување на евентуални елементи на кривични дела од чл.319 и чл.387 од Кривичниот законик, како и евентуално други дела кои се гонат по службена должност. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат“, информираат од обвинителството.

На протестите еден од Ромите рече дека ако полицијата им ги одзема возилата, ќе има тепачки, и убиства. На дел од Ромите полицијата им ги одзела возилата и тие протестираа во повеќе градови. Се жалеа дека не можат да полагаат за возачка дозвола затоа што не се писмени. 

Министерката за образование, Весна Јаневска денеска рече дека за возачка не треба восоко образование, туку доволно е основно.

Слично

Поврзани вести