ОЈО: ПРИТВОР ЗА ДИЛЕР НА КОКАИН, во домот чувал ваги, дрога и пиштол
Јавното обвинителство покрена обвинение и му одреди пртивор на 47 годишен тетовчанец поради продажба на кокаин.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи - наведуваат од обвинителстово во соопштението.
Од таму додаваат дека при претрес во домот на осомничениот на 18 ноември, полициските службеници пронашле околу 30 грама кокаин, три дигитални ваги и други предмети со остатоци од наркотична дрога и рамка за пиштол со 8 куршуми со калибар 7,62 мм.
- Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или вештаци и да го повтори делото, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор - се потенцира во соопштението.
