Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО: Преземените дејства се за претрес, а не за апсење на Величковиќ

ОЈО: Преземените дејства се за претрес, а не за апсење на Величковиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска потврди дека вчера, по налог на судија за претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје, бил извршен претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ. 

Претресот бил во рамките на предистражна постапка што се води против началникот.

„Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела злосторничко здружување од член 394 и злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност“- пишува во соопштението од обвинителството.

Оттаму посочуваат дека налогот што им бил издаден од судот се однесувал само за претрес на домот на началникот, но не и за негово приведување.

Синоќа пред домот на Величковиќ се собра поголема група на граѓани кои протестираа против акцијата. 

По завршувањето на претресот, Величковиќ кажа дека ова е обид за заплашување. 

Инаку Величковиќ на функцијата е поставен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Слично

Поврзани вести