Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Основното јавно обвинителство(OJO) Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 2 декември годинава, во вечерните часови, се обидел да запали албанско национално знаме. Полициските службеници го спречиле и го привеле.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

На 28 ноември - Денот на албанското знаме, повеќе лица го газеа, кинеа и палеа македонското знаме во Скопје, за што три лица добија притвор. Тие осум дена ќе поминат во притвор. 

Слично

Поврзани вести