Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО: Политичка партија со државни пари се рекламирала кај анонимни портали, МВР одзела документација

ОЈО: Политичка партија со државни пари се рекламирала кај анонимни портали, МВР одзела документација

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

Ова на својата веб страница го соопшти Јавното обвинителство.

Имено, како што информираат, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставило Известување, според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

„Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со Обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција, при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции“, соопшти Обвинителството.

Слично

Поврзани вести