Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО поднесе обвинение за влечењето за коса на Шекеринска, ама не и за стативот по глава

ОЈО поднесе обвинение за влечењето за коса на Шекеринска, ама не и за стативот по глава

Јавното обвинителство по завршувањето на истрага поднесе обвинение против едно лице кое учествуваше во нападот на тогашната пратеничка Радмила Шекеринска на Крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија. 

Во соопштението на ОЈО се наведува дека лицето кое е обвинето ја потегнало за коса Шекеринска и тоа според се што јавноста можеше да види на снимките е повозрасно лице. Сепак, пред тоа да се случи Шекеринска беше удрена во глава од друг човек со тежок метален ставив кој го користат камерманските екипи на телевизиите.

- Основното јавно обвинителство – Скопје, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година, спроведе истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6, а во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.

За ова кривично дело, согласно ставот 6, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и Обвинителен акт против осомничениот.

Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда, стои во соопштението на обвинителството.


Слично

Поврзани вести