Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО: Пијан маж ја натерал сопругата да му даде пари за дрога, па ја тепал

ОЈО: Пијан маж ја натерал сопругата да му даде пари за дрога, па ја тепал

Има уште еден случај на семејно насилство во Скопје, за што е поведена постапка.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се назад кон нивниот дом, тој започнал вербална расправија, го запрел возилото и наредил да излезе. Откако излегла, започнал да го врти возилото со намера да ја удри. Бидејќи не успеал, го запрел возилото, тргнал кон оштетената по што ѝ го одзел  мобилниот телефон за да провери со кого разговарала. Во еден момент ѝ физички ја нападнал, удирајќи ѝ шлаканица и нанесувајќи ѝ удари во пределот на лицето и вратот, од кои удари оштетената се здобила со телесни повреди изразени во вид на нагмечувања на лицето, на вратот и на раката“, велат од ОЈО. 

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува или воспоставува, односно одржува контакти или врски со жртвата.

Слично

Поврзани вести