Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

Основното јавно обвинителство(ОЈО) отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство. 

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет по допрен глас, еден ден откако премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница во одговор на пратеничко прашање објасни дека бил незаконски следен од безбедносни служби во текот на 2020 и 2021 година. Мицкоски вчера на собраниска седница за пратенички прашања рече дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, затоа што наводно бил лидер на паравоена формација.

„Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите. Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија“, велат од ОЈО. 

Мицкоски претходно кажа дека обвинителството треба да истражи зошто бил следен. 

Слично

Поврзани вести