ОЈО му стегна кривична на екс градоначалник
Неготинскиот поранешен градоначалик Ванчо Апостолов заработи кривична пријава поради постапување кое е во спротивност на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија .
ОЈО по овој чекор постапува откако утврдило дека обвинетиот за три години ги злоупотребил службените овластувања и го oштетил буџетот.
Обвителството ќе го гони Апостолов за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Имено, како што соопштуваат надлежните, обвинетиот ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината Неготино. Тој ја злоупотребил положбата така што за четворица државни службеници прибавил поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.
Имено, ова не е првата кривична која ја заработува овој поранешен градоначалник.
