Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од ОЈО потврдија дека Мицкоски и Савески се слушнале - дали случајот со мазутот бил тема?

Од ОЈО потврдија дека Мицкоски и Савески се слушнале - дали случајот со мазутот бил тема?

Oд Обвинителството велат дека Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Ова следи по обвинувањата на СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски му дава задачи на јавниот обвинител Ненад Савески. 

„Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите - дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување. Предметниот јавен обвинител од ОЈОГОКК одлучува самостојно. Имено согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите“, велат од ОЈО. 

Од СДСМ побараа оставка од јавниот обвинител Ненад Савески и рекоа дека нему премиерот Христијан Мицкоски му дава задачи. 

Мицкоски е шокиран од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и очекува нејзино преиспитување.

Во случајот се опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и сопствениците на компаниите кои ја снабдувале ТЕЦ Неготино со мазут.

Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ вчера соопшти дека истрагата е запрена бидејќи не биле пронајдени доволно докази за кривично дело.

Истрагата беше отворена по кривична пријава на МВР, во која се тврдеше дека преку спорните набавки е направена штета од над 167 милиони евра и постоеле сомнежи за перење пари.

Слично

Поврзани вести