ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени
За пожарот кај Стајковци, уапсени беа три деца, странски државјани. Од обвинителството потврдија дека со нив извршиле разговор.
„Согласно Законот за правда за децата со нив беше извршен разговор по што се пуштени, а обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело“, велат од ОЈО.
Власта се сомнева дека дел од пожарите се подметнати.
Според првичните сознаније, се работи за британски државјани и едно дете кое е со македонско потекло. Се вршат проверки, потврдуваат од ОЈО.
Слично
