ОЈО Гостивар постапува во врска со грабежот во Гостивар
Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар.
Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.
Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со патничко моторно возило „бмв" без регистарски таблички.
Според првичните неофицијални информации, тие ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.
Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.
