Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО ГОКК и Финансиската полиција потврдија дека спроведуваат aкција поради сомнежи за корупција во Царината

ОЈО ГОКК и Финансиската полиција потврдија дека спроведуваат aкција поради сомнежи за корупција во Царината

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција, спроведува акција поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.

„Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае. Како што знаете додека се постапува не може да се споделат повеќе детали“, информираат од ОЈО ГОКК.

Неофицијално, меѓу четирите лица опфатени со денешната акција е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев.

Осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконитости поврзани со спроведувањето на тендерската постапка. 

Слично

Поврзани вести