Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО ги чека МВР и Финансиска полиција за Рашковски

ОЈО ги чека МВР и Финансиска полиција за Рашковски

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција чека евентуални насоки од Министерството за внатрепни работи и Финансиската полиција како услов да постапат во врска со софтверот што го набавил поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Во писмениот одговор од Обвинителството велат дека со интерес ги следат случувањата и информациите во врска со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, но за да му се препише евентуално кривично дело на актуелчниот секретар на Кабинетот на премиерот Зоран Заев треба да постапат горенаведените институции.

„Но, доколку институциите во чиј делокруг на работа е откривање на кривични дела и нивни сторители, не постапат согласно нивните надлежности, тогаш обвинителството ќе постапи согласно член 41 став 2 од Законот за кривична постапка, односно јавниот обвинител сам ќе го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција“, се вели во одговорот.

Софтверот за „определување на просечна брзина на возила во сообраќај и изрекување на казни“ го набавил Генералниот секретаријат на Владата пред 8 месеци од фирмата „Инвока Гроуп“ кој ниту е инкорпориран во системите на МВР, нити МВР има план да го користи.

Во моментов Рашковски е на домор во Мексико, а кога ќе се врати, според коментарот на министерот за здравство Венко Филипче, тој нема да треба да оди во карантин.

- Во моментов карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат на африканскиот континент. поради ширењето на африканскит сој кој според сознанијата многу побрзо се пренесува и се уште не се знае ефектот на вакцините врз овој сој. Индивидуални одлуки не би сакал да коментирам, рече Филипче на денешната прес-конференција.





Слично

Поврзани вести