Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО ги блокирало личните сметки на Иванова

ОЈО ги блокирало личните сметки на Иванова

Основното јавно обвинителство не ја блокирало сметката на Диамед Македонија, туку на Вера Иванова, потврди управителката за Нова ТВ. Претхоно, ОЈО соопшти дека е блокирана сметка преку која поминале 11 милиони евра во Монако по отстапување на дијализниот центар на друг сопственик, а дури се сметаше дека „замрзнат“ е и Ристо Новачевски, кумот на поранешниот премиер Никола груевски од првиот брак.

Иванова за НОВА потврди дека и се блокирани двете сметки- нејзината приватна во Тутунска банка и втората-странска, која се води на правно лице во Монако.  Иванова тврди дека досега од ниту една институција не е известена зошто и се блокирани сметките, туку тоа го открила кога отишла да го плати данокот.

„Диамед Македонија”  на почетокот на месецот и ја отстапи концесијата на шведската фирма „Дијаверум“.

Слично

Поврзани вести