ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

OJO: Двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката Данела Арсовска

OJO: Двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката Данела Арсовска

Како што соопштија од Основното јавно обвинителсто(ОЈО), двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кое се случи вчера во Чаир. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да  се заканува, по што и физички ја нападнал. Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот,  поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство“, велат од ОЈО. 

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот.

Арсовска изрази сомнеж дека институциите сакаат да го прикријат случајот. 

ad
Слично

Поврзани вести