Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО бара мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари избоделе дете

ОЈО бара мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари избоделе дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.

Според првичните сознанија, тие на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

„Предложените мерки вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители“, велат од ОЈО. 

Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази.

Семејството на детето смета дека тие треба да одговараат за обид за убиство, а не за насилство. 

Слично

Поврзани вести