Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЈО БАРА 48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА УБИЕЦОТ ОД БОЈАНЕ - истрагата треба да утврди како дошло до убиството

ОЈО БАРА 48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА УБИЕЦОТ ОД БОЈАНЕ - истрагата треба да утврди како дошло до убиството

По објавата дека е уапсен млад дечко од село Бојане, чиј татко пријавил дека тој  убил друго момче од истото село, попладнево се огласија и од Основното јавно обвинителство. 

Од ОЈО посочуваат дека во тек е истрагата, која треба да утврди во какви околности се случило убиството, но, поради ризик од бегство побарано е од судијата на претходна постапка да определи 48 часовен притво. 

- Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото. 

Постои основано сомнение дека кривичното дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода. 

Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата - се посочува во објавата на ОЈО. 

Претходно денеска Министерството за внатрешни работи соопшти дека во ноќните часови е уапсен М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ.  

Убиството во полиција го пријавил неговиот татко И.Б., на кого М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. 

Слично

Поврзани вести