ОХРИЃАНКА СО ЗАКАНИ ОДЗЕЛА ТРИ ИЛЈАДИ ЕВРА, поднесена кривична пријава
Охриѓанка со закани успеала да му одземе на жител од Дебарца околу три илјади евра. Таа во период од скоро месец дена во неколку наврати му одзела пари, за што доби кривична пријава од СВР Охрид.
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(39) од охридското село Горно Лакочереј поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Таа, во периодот од 28.05.2022 до 15.06.2022, на лице од село во општина Дебарца му упатила повеќе закани и во неколку наврати му одзела вкупно 172.000 денари - пишува СВР Охрид во соопштението.
Слично
