Охриѓани наместо намалување, добија зголемување на сметките за вода
Од јануари 2018, наместо намалување, граѓаните во Охрид и сопствениците на викенд станови плаќаат повисоки сметки за вода и одвод.
Опозицијата незадоволна, затоа што оваа мерка удрила директно по „ џебот “ на граѓаните.
- Кога ја носеа одлуката разговараа дека ќе се зголеми само за оние фиксни паушални 70 денари, кои патем се неуставни. Цената за колекторот, е зголемена од 10,20 ден. на 16,5 ден. по метар кубен.Се воведува нова давачка за одржување на водоводен систем од 70 денари, плус пресметано ДДВ на сета оваа сума.-Изјава Кирил Пецаков-координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ.
Се огласи и градоначалникот на Охрид, возвраќајки дека тоа е одлука на Регулаторната комисија за енергитка која мора да биде почитувана.- Ние како општина ако не пристапевме кон прилагодување на цените на барањата на Регулаторна комисија, значи ова е на барање на Регулаторна комисија во тој случај ќе платевме огромни казни и за градоначалникот и за директорот на комуналното претпријатие, и општината и самото комунално претпријатие.Значи по 4 основи ќе бевме прекршочно казнети.-Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.
Слично
