Охриѓани ќе се плашат со мигранти на референдум наместо со политики за развој на туризмот
Советот на општина Охрид донесе одлука на 15 октомври заедно со локалните избори да одржи и референдум на кој ќе биде поставена веќе параноичната и бесмислената тема за доселување на мигранти во специјални кампови или станови.

На тој начин постои закана да се дефокусира предизборната кампања од вистинските проблеми кои го мачат Охрид како непланската урбанизација и заканата за растот на туризмот.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија своите колеги од СДСМ дека сакале да го претворат Охрид во бегалски град, на што тие возвратија дека се шири страв, параноја и лаги и дека Македонија е само транзитна земја бидејќи досега никој не побарал азил за престој.
Од СДСМ тврдат дека иницијтивата за свикување референдум е неоснована и дека станува збор за стратегија која е носена и претходно од страна на минатата власт и која всушност е задолжителна за државата под влијание на меѓународните конвенции.
