Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓанецот Нефи Усеини и брат му добија ослободителна пресуда за инцидентот со Топаловски

Охриѓанецот Нефи Усеини и брат му добија ослободителна пресуда за инцидентот со Топаловски

Ослободителна пресуда доби охридскиот бизнисмен Нефи Усени. 

Советникот на ДУИ во Советот на Општина Охрид и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда  за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред охридски хотел.

Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно дека двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи и со снимки од видео надзорот, но, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен. Сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.

По инцидентот на браќата им беше одреден притвор од 8 дена, а потоа беа пуштени да се бранат од слобода со гаранција од 850.000 евра. Додека траеше судскиот процес, оштетениот и сведоците ги менуваа исказите. Топаловски веднаш по инцидентот испрати фотографии до медиумите на кои се гледаше тој, целиот преврзан со завој на главата. Но, по само неколку дена го промени исказот, и велеше дека Усеини е негов пријател. Усеини во повеќе наврати беше инволвиран во тепачки, а последната беше пред неколку дена. 

Слично

Поврзани вести