Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓанец загина во експлозија во неговиот дом

Охриѓанец загина во експлозија во неговиот дом

Едно лице е повредено во експлозија во стан на улицата „Сатеска“ во Охрид, а според првичните информации, можно е експлозијата да настанала од плинска боца која се наоѓала во трпезаријата од станот, информираше СВР Охрид.

Инцидентот се случил во вторникот во 22,24 часот кога по експлозијата во трпезаријата настанал пламен, а потоа пожар кој ја зафатил покуќнината и почнал силно да се шири низ собите.

Пожарот е изгаснат со брза интервенција на Противпожарната единица од Охрид. Од експлозијата телесни повреди добил сопственикот на станот кој бил префрлен на хируршкото одделение при Општата болница во Охрид каде што му била укажана неопходната медицинска помош, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од експлозијата и пожарот оштетена била целата покуќнина од станот и искршени биле сите прозорци. Исто така, биле оштетени и седум возила паркирани во близина на зградата, со што е причинета голема материјална штета.


Слично

Поврзани вести