Охриѓанец се закануваше на редарот и на туристите пред маркет обидувајќи се да влезе без маска: Знаеш кој сум јас?
Вчера во еден од охридските маркети кој се наоѓа во близина на плажа, охриѓанец се обиде да влезе без заштитна маска, и откако љубезно му беше речено дека не може, тој почна да му се заканува на момчето кое работи во продавницата.
Момчето е редар во маркетот е редар, и стои на влезот грижејќи се да не се создава гужва и да не влезат повеќе лица од дозволениот број. Тој со смирен тон го опомена човекот кој игнорирајќи го, се залета да влезе право кон касата, за да купи цигари.
- Господине, ве молам, не можете да влезете без маска“, му се обрати момчето, обидувајќи се да го спречи.
-Ти ќе ми кажуваш мене, знаеш јас кој сум?“, му одговори човекот кој беше дојден со мотор.
„Дај цигари ако не сакаш да дознаеш“, продолжи тој со заканите.
-Во ред, ќе ви донесам цигари надвор“, одговори момчето.
Човекот продолжи да се сили и да се заканува, на што момчето повторно смирено му одговори: Сакате цигари или не?
На крајот, застанат на прагот на продавницата, игнорирајќи го момчето, муштеријата ѝ кажа на касиерката кои цигари ги сака. Момчето уште еднаш го опомена да се тргне, и му ги донесе цигарите надвор.
Оваа случка зачудено ја гледаа туристите кои се најдоа пред маркетот, а заканувачот продолжи да ги вознемирува и нив. „Што ме гледаш“, ѝ се развика тој на една повозрасна жена, на што таа му одговори дека ќе го пријави.
- Пријавувај кај сакаш, и да си одиш од кај што си дошла, губи се! Овде, во Охрид јас кажувам како треба“, ѝ рече тој на жената.
Редарот подоцна искоментира дека во вакви ситауции е подобро да се остане смирен и дека тоа што му ги продал цигарите надвор од продавницата во тој момент го гледал како единствено решение.
(М.Џ.)
