Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓанец оствари добивка од 80.000 евра во „Моцарт“

Охриѓанец оствари добивка од 80.000 евра во „Моцарт“

Две обложувачки чуда во рок од две недели. Откако Ване Лесновски од Прилеп, пред нецели две недели во обложувалницата „Моцарт“ оствари добивка од речиси 600.000 евра, на ред дојде и седумдесет годишен Охриѓанец кој освои 80.000 евра.

Среќниот добитник кој сакал да остане анонимен вложил 20 денари, на пет натпревари ја одиграл играта полувреме-крај, а коефициентот што го добил е најголем во историјата на обложувалницата 848.700.
Играчот по завршувањето на натпреврите што ги имал на тикетот добил 80.508 евра.

На неверојатниот тикет 70-годишникот погодил три натпревари од X-2, еден 1-1 и неверојатниот премин од 1-2 на натпреварот Телстар-Хелмонд со коефициент 40.



Слично

Поврзани вести