Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓанец изел паковка со дрога и завршил во болница

Охриѓанец изел паковка со дрога и завршил во болница

Охриѓанец во обид да ја измами полицијата проголтал паковка со дрога и завршил во болница, објави МВР во својот денешен полициски билтен.

„На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. 

По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.


Слично

Поврзани вести