ОХРИЃАНЕЦ ГО ЗАПАЛИЛ ГЛИСЕРОТ НА БРАТ МУ - пожарот се проширил и зафатил и зграда и автомобил
Охриѓанец е приведен откако признал дека го запалил глисерот на неговиот брат, преку кој потоа било опожарено и неговото возило. Од СВР Охрид посочуваат дека во раните утрински часови денеска веќе го привеле орхиѓанецот кој предизвикал пожар на глисер на неговиот брат, а наскоро ќе следува и пријава.
- На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид.
Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид - се посочува во билетнот на МВР.
Потоа додаваат дека З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Фото: Принтскрин/МВР/Фејсбук
Слично
