Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

Родител од Охрид загрижен за здравјето на своето дете во полициска станица во Охрид пријавил дека на телото на неговото дете забележал гребаници и подливи откако го подигнал од градинка. 

Од полиција не откриваат за која детска градинка станува збор, ниту детали за детето, па претпоставките се дека се работи за дете до шест годишна возраст. 

- На 06.09.2024 година, З.Р.(38) од Охрид, во СВР Охрид пријави дека при преземањето на неговиот малолетен син од детска градинка, кај него, забележал гребаници и подливи. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот - соопштуваат од СВР Охрид. 

Слично

Поврзани вести