Охридскиот градоначалник го побара Цар Самоил од „Скопје 2014“
Градоначалникот на Охрид,Јован Стојановски, го побара споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во „Скопје 2014“. Општината ќе почека да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура.
„Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход“, рече Стојановски.
Стојановски вели дека досега имале разговори и со премиерот Зоран Заев и со Министерството за култура по однос на ова прашање. Вели дека размислуваат и за можна локација каде споменикот би бил поставен.
Слично
