ОХРИДСКИ БИСЕР ИЛИ ХАОС - Дури и влезовите на зградите станаа паркиралишта
Сообраќајната некултура не е карактеристична само за главниот град на Македонија.
Тенденцијата да се паркира на тротоари, на улици, во зелени површини очигледно се шири насекаде, но особено е забележлива во поголемите градови каде има повеќе граѓани, но и повеќе автомобили за жителите и гостите.
Непрописно паркирани возила, или возење по велосипедски патеки редовно се објавуваат во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на Фејсбук, а овој пат членовите укажуваат на „културното“ паркирање возила на улица и пред влезовите во зградите во нашиот најголем туристички бисер, Охрид.
Снимката која авторот ја нарекол „Охридски хаос“ може да ја погледнете на следниов линк.

Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
